Заврши првиот дел од средбата на УЕФА – одложено Европското првенство!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот дел од денешната исклучително важна средба на УЕФА е завршен.

Според „Би- Би Си“ видеоконференцијата започнала во 10 часот утрово и предлогот за одложување на Европското првенство веќе е официјално прифатен.

Идејата која УЕФА ја разгледува е Европското првенство да биде презакажано за јуни 2021 година, а за тоа 55-те члена на федерациите ќе дискутираат во вториот дел од средбата.

На вториот дел од средбата ќе биде одлучен и начинот на кој треба да завршат националните првенства во Европа, како и кога ќе се играат полуфиналните и финалните средби од Лига Европа (Македонија – Косово).