Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вчеравечер со настапот на Игор Џамбазов заврши десетиот јубилеен Пиволенд 2017. Фестивалот оваа година траеше седум дена, а Скопското Кале беше одлична локација за секојдневно разладување од високите температури.
Од понеделник до недела, фестивалот понуди одлична забава за сите генерации, над 120 видови пиво, како и вкусни гурмански деликатеси. Секој ден беше резервиран за различен жанр на музика, а најмногу внимание привлекоа настапите на Ван Гог, Сарс и САФ.
Организаторите го најавуваат следниот омилен фестивал меѓу скопјани- Вино Скоп 2017 кој ќе се одржи кон крајот на септември.