Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот премиер, Зоран Заев по завршувањето на средбата со претседателот на државата, Ѓорге Иванов и лидерите на поголемите политички партии рече дека тој ќе се залага за предлогот Република Илинденска Македонија за севкупна употреба, без да каже дали за него обезбедил консензус од останатите политички фактори присутни на средбата.
Како што рече Заев, ако се постигне политички консензус, предлогот ќе биде ставен и на референдумско изјаснување.
Според него, со предлогот се обезбедувало гаранција за идентитетот, а јазикот ќе останел – македонски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршувањето на лидерската средба, на која беше запознат со предлогот за промената на името, Република Илинденска Македонија, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е против промената на името.
-ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и на уставното име. Целиот процес се одвиваше тајно, загрозувани беа националните интереси на државата, целта е јасна влез во НАТО и ЕУ, но траекторијата е ризична. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, истакна Мицкоски.
Фото: Фокус