Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиерот даде кратка изјава во која рече дека лидерите едногласно се договориле денеска да завршат преговорите. Досега се договорени ДИК и „пржинската влада“, а останува уште референдумското прашање и датумот кога да се одржи референдумот.
-За овие три лидерски средби требаа нерви, трпение и многу мудрост. Јавноста треба да знае. Пруживме рака и разбирање, но имаме и почит кон нашиот неприкосновен принцип. Пред потпишувањето на договорот со Грција, беа прифатени услови за избор на ДИК, уште пред лидерските средби работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го усоглсија текстот на нов закон за финасирање на политичките партии со предлозите на опозицијата. Прифативме да се направат законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува парламентарните избори во иднина согласно формата која што ја имаше пржинската влада – рече Заев.
Рече дека се догвориле средбата да заврши денеска, и додаде дека останува да се реши референдумското прашање и датумот кога да се одржи референдумот.