Заводливо „шпацирање“ во црн бикини – вака го прави тоа Ријана (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Видеото кое Ријана го објави на Инстаграм ги заскокотка страстите на нејзините обожаватели, заводливо и филмски прошетувајќи се како да е на модна писта, облечена во жежок црн бикини костим.

Дури и кога е на одмор, пејачката од Барбадос и моден претприемач, Ријана може да го сврти, барем на кратко, светот околу својот мал прст и тоа со една објава на Инстаграм, пишува „Дејли Меил“.

Пејачката објави кратко видео со бавно движење на кое е прикажана во црно бикини додека се шета во двор на непозната локација како да е на модна писта. „Брзото движење“ на видеото, фактот дека е снимено од страна и самоуверениот став на Ријана ги истакнаа нејзините облини, кои, како и обично, предизвика бура од воодушевувачки реакции кај нејзините Инстаграм обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Иако објавеното видео не е придружено со никаков опис, се претпоставува дека бикините кои ги носи се од колекцијата на нејзиниот моден бренд Фентис. Имено, Ријана на Инстаграм доста често ги рекламира сите модели со името Фентис.

Пејачката во последно време е доста зафатена. За време на модната недела во Њујорк, што се одржа минатиот месец, таа ги претстави новите модели од својата линија „Savage X Fenty“, при што целата претстава се пренесуваше преку стриминг на Amazon. По посетата на Лондон и Париз, Ријана оваа недела одржа промоција на својата автобиографска книга „Ријана од Ријана“ во Њујорк.

Покрај тоа, пејачката се појави и на насловната страница на американското издание на Вог.