Завод за ревизија регистрираше незаконски исплатени надоместоци во бившо СЈО во износ од 4,6 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државниот завод за ревизија, по налог на Основното обвинителство, чешлајќи го бившо СЈО, регистрираше речиси 4,6 милиони евра исплатени на вработени во поранешното Специјалното јавно обвинителство во период од четири години без за тоа да има било каква законска основа.

Во извештајот се наведува дека исплатите биле означени како класифицирани од поранешната шефицата на СЈО, а сега осудена во случајот „Рекет“ Катица Јанева.

-Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, се вели во соопштението на Државниот завод за ревизија.

Забелешки за извештајот во јули дала Јанева, но тие не се прифатени од ревозите.. Во писмото што го испратила во јули, тврди дека надоместоците биле нормални со оглед на тежината на рабоатата и во рамки на законот.. Па прашува и дали ова е порака дека повеќе никој и никогаш да не се занимава со гонење на висока корупција како што тоа го правеше СЈО.

Скандалот со надоместоците беше откриен лани, кога беше ставена во фунција алтаката отворени фианнсии… Согласно јавните податоци, најмногу – околу 157 илјади евра зела Јанева, а потоа следат обвинителката Елизабета Јосифовска и обвинителот Стевчо Донев со исплатени 107 илјади евра. Обвинителката Лиле Стефанова, која го застапува случајот “Империја” зела 93.000 евра. обвинителката Фатиме Фетаи земала 87.000 евра. Најмалку од сите, односно 84.000 евра добила обвинителката Ленче Ристоска.

Фетаи денеска не сакаше да зборува за исплатата на високите бонуси.

Од обвинителството за организиран криминал, кое води истрага бонусите во СЈО, велат дека се чека уште еден ревизорски извештај по што ќе се одлучува за понатамошниот тек на предметот.