Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според очекувањата и прогнозите на македонскиот премиер Зоран Заев, доколку парламентот усвои законски измени до крајот на годинава, Македонија идната година може да оствари над 250 милиони евра од произодство на канабис за медицински цели. Тој најави можност од декриминализација и депенализација за користење за лична употреба на канабисот.
Премиерот Заев рече дека и со производството на канабисот за медицински цели Владата во земјава ги носи светските и европски стандарди. Досегашното наше искуство, како што рече, е дека овој бизнис во Македонија обезбеди илјадници добро платени работни места. Тој за пример ги даде Канада, Холандија и Чешка, земји кои од канабисот за медицински цели годишно заработуваат 55 милијарди евра.
„На пазарот постојат редица лекови на база на канабисот за бројни болести, што отвора потенцијал за настап на големи пазари. Се надевам дека парламентот ќе ги надмине блокадите и ќе усвои измени на законите со цел за медицински цели да се прошири оваа дејност. Со измени на законите ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, што пак, ќе поттикне нови инвестиции и отворање на работни места. Ако тоа го направиме до крајот на годината, за следната година очекуваме над 250 милиони евра од производството, што ќе значи развој на земјата и нови работни места”, рече Заев.
Тој нагласи дека во текот на идната година се планира да се прошири листата на болести за кои ќе биде дозолено лекување со произоди од канабис. Заев нагласи дека се во право граѓанските активисти кога реагираат дека неправедно се казнуваат, дури и со затвор, лица кај кои ќе се пронајде половина грам марихуана за медицинска и лична употреба. Притоа, тој ја нагласи потребата од декриминализација и депенализација во оваа сфера.
„Се разбира, полицијата ќе продолжи со своите акции за откривање и казнување на производство и трговија со дрога, на МВР му честитам за досегашните акции”, рече Заев.
Премиерот најави јавна расправа до јуни следната година, кога очекува усвојување на повеќе законски измени во поглед на канабисот.