Затворскиот чувар направи непристоен гест кон новинарите кога го носеа Боки 13 – веднаш доби отказ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако денес, во моментот кога заедно со службата за Брза помош го изнесуваа од Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, кому му се слоши, еден од затворските чувари на Боки направи непристоен гест кон новинарите, истиот веднаш доби суспензија од работа.

-Затворскиот чувар е суспендиран и на барање на заповедникот покрената е дисциплинска постапка против него, изјави директорот на истражниот затвор во Шутка, Есад Рхиќ.

Реакцијата на директорот на затворот следува веднаш по објавувањето на видео снимката на која се гледа затворскиот чувар, кој недолично се однесува.

Срамниот настан се случи во моментите кога екипата на брзата помош, помогната од стражари во Обвинителството го изнесуваа Боки 13, кому му се слоши пред да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.