Актуелно

Затворски чувари застанале да купат сендвичи – затвореник им избегал од комбето

Затвореникот Фидан Исени денес успаеал да им избега на двајцата затворски чувари кои требало да го транспортираат од Клиничкиот центар до Идризово, кога попатно застанале наводно да купат сендвичи.

Затвореникот го искористил невниманието на чуварите, кои според директорот на затворот Боби Мојсовски ја смениле рутата на движење.

„Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот во Идризово застанале по пат да си купат сендвичи“, вели директорот Мојсовски во изјава за „Фокус“, кој додава дека ќе се превземат мерки за одговорност на чуварите.

Затвореникот Исени бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно за предизвикување на општа опсност, насилство, криумчарење на мигранти.. Затвореникот бил повратник, а досега одлежал една година и шест месеци од казната.

Advertisements
To Top