Затворот за Грујевски падна на Апелација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што дознава и пренесува Макфакс, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата од една и пол година казна затвор за ексначалникот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, во предметот „Тврдина 2“, за уништување списи и документи за незаконското прислушување.

Тоа значи дека за овој предмет, судењето за Грујевски треба да почне од почеток. Oва е одлуката на тричлениот кривичен совет со кој претседаваше судијката Цветанка Периќ за жалбата на адвокатите на Грујевски. Јавната седница се одржа годинава кон крајот на март.

Причината за укинувањето на пресудата за случајот „Тврдина 2“, која ја донесе судијката Лидија Петровска, позната од бомбите, е тоа што не биле исполнети законските услови за на обвинетиот Грујевски да му се суди во отсуство. Според сознанијата на „Макфакс“, Апелациониот суд ја потврдил пресудата за службеничката во УБК, која исто така се жалеше, но на условната казна која ѝ беше досудена во овој предмет.

Извор: Фокус