Home Актуелно Затвореници во Идризово качени на покрив фрлаат ќерамиди

Затвореници во Идризово качени на покрив фрлаат ќерамиди

Тројца затвореници во моментот се качени на покривот на затворот „Идризово“, од каде што во знак на револт фрлаат ќерамиди и бараат средба со директорот Ќерим Махмути, објави Фокус.

Надвор пред затворската зграда се соберени сите заповедници, но тие инсистираат да разговараат со директорот, се’ уште не излегол надвор.

Затворениците се качиле на покривот, под кој се наоѓа амбулантата, која во моментот е оставена под ведро небо, бидејќи дел од ќерамидите завршиле во дворот на затворот, стои во информацијата на Фокус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…