Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
22-годишно момче од Куманово, затвореник во кумановскиот затвор, вчера рано утрото било најдено мртво во затворската зграда.
Од МВР велат по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, и не биле пронајдени траги на насилство. Од управата за извршување на санкции, велат момчето било пронајдено во неговиот кревет.
Откако биле прегледани сите безбедносни снимки од затворот, од управата велат констатирано е дека никој ниту влегол, ниту престојувал во истата соба со момчето таа ноќ. Од управата за санкции детали најавија откако ќе го добијат обдукцискиот извештај. Починатото момче пред околу две недели било префрлено во кумановскиот затвор од малолетничкиот затвор во Охрид, каде претходно ја издржувало казната.
Околу 7 часот и 30 минути при редовна утринска проверка на бројната состојба на осудените лица дежурниот командир заедно со помлад надзорник, исто така припадник на затворската полиција, на првиот кат во затвореното одделение во собата каде престојувало осуденото лице Л.Б. во неговиот кревет во позиција како да спие го пронашле осуденото лице без знаци на живот, се посочува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Веднаш потоа била повикана итна медицинска помош која во затворот пристигнала во 8 часот и 15 минути, но лекарите не можеле да сторат ништо од причина што лицето веќе било починато, а констатирано е дека нема траги на насилство.
Од Управата потенцираат дека по прегледувањето на снимките од камерите во затвореното одделение, констатирано е дека во текот на ноќта никој не влегувал во собата на осуденото лице, односно дека таму не престојувале други осудени лица заедно со него.
– Во непосредна близина на неговата ќелија има соба за надзор на осудените лица и од страна на затворската полиција, како и од осудените лица од затвореното одделение не било забележано ништо невообичаено во текот на ноќта пред немилиот настан, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.