Затвор за Павлески и Ѓеоргиевски за нападот на Зијадин Села


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Основниот суд Скопје 1 ги изрече првите затворски казни поврзани со упадот и дивеењето во македонското Собрание.

Три години затвор за Стојан Павлески и една година и два месеци за Цејо Ѓеоргиевски се првите казни за нападот на пратеникот Зијадин Села. Обвинителството во текот на постапката го преквалификува делото за двајцата осудени од обид за убиство во насилство по што и Павлески и Ѓеоргиевски ја признаа вина на претходното рочиште.

„Разликата во висината на казните е поради тоа што Павлески е првиот кој што влегол во Собранието и се упатил кон пратениците“, рече меѓу другото во образложението судијката Славица Андреевска.

По признавањето на вината, за Павлески и Ѓеоргиевски се водеше издвоена постапка, а судењето за останатите обвинети за обидот за убиство на Села продолжува на втори и на петти јули, за кога се закажани завршни зборови.

По изрекувањето на казната Павлески изјави дека не очекувал казна затвор затоа што тој всушност му го спасил животот на Села.

За обид за убиство на Села обвинети се Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.