Затвор за бившиот декан Шуклев и други двајца професори од Економски за земање мито


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Универзитетските професори од Економскиот факултет во Скопје, Славе Ристевски и Драге Јанев, се осудени на 2,5 години затвор, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор, за случајот „Еразмус“, односно за земање пари од студенти за полагање испити.

Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

Судскиот совет денеска, покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба, сториле кривични дела.