Актуелно

Затвор и за Жежовски за упадот и насилството во Собранието на 27 април

После претходно признаената вина и Петре Жежовски од Скопје доби две години и десет месеци затвор за напад на телохранителот на министерот за внатерешни Оливер Спасовски при крвавиот упад на 27 април лани.

Жежовски меѓу првите насилно влегол во прес-салата каде се наоѓаа пратениците од парламентарното мнозинство и со тупаници го нападнал телохранителот Сашо Тасевски. Тој за своето дело доби затворска казна од 2 години и 10 месеци.

Ова е трето признание на вина. Претхоно со исто признание, на казна затвор беа осудени Васко Цунгаревски и Димитар Поповски.

Advertisements
To Top