Затоа е „Специјален“: Вакво нешто не направил никој друг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои после ова ќе речат дека се му смета, а оние кои го сакаат дека води сметка и за најситните детали. Сепак, факт е дека никој освен Мурињо не би направил вакво нешто!

Како што пренесуваат англиските медиуми, „Специјалниот“ донел одлука да се сменат дечињата кои ги враќаат топките на натпреварите на домашен терен. Традиционално, таа чест ја имаат децата од фондацијата на Јунајтед, но Мурињо смета дека тие не се доволно брзи и одлучил да ги смени.

Во иднина, место нив, покрај теренот ќе стојат членовите на тимот до 16 години кои се побрзи и нема да дозволат во клучни моменти да се губи време.

Ова е којзнае кој по ред конфликт на Мурињо откако дојде во Јунајтед минатото лето. Меѓу најголемите беше оној кога се замери со работниците на тренинг центарот на кои не им дозволувше да работат и за таа цел им го сокри алатот.