Затоа е омилен: Столе на генијален начин се пошегува после изјавата на Гунарсон (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија вчера во драматичен натпревар во Рејкавик однесе победа против Исланд од 33:34.

Овој натпревар против Исланд беше и прв на клупата за селекторот Данило Брестовац.Ова воопшто не беше лесна победа, а колкаво значење има покажува податокот дека претходно Македонија никогаш не го победила Исланд на гости.

После натпреварот интересна изјава даде бекот на Исланд, Арнор Гунарсон кој го пофалиСтојанче Стоилов.

„На почетокот во првите десетина минути ги добивавме дуелите и имаа проблеми да не пробијат, но подоцна пронајдоа начин и се поставија во линија. Ги искористија сите дупки во нашата одбрана. Не можете да барате победа ако на домашен терен примите 34 гола, тоа не смее да ни се случува. Нивниот пикер кој има 140 килограми е навистина невозможно да се чува кога ја има топката во раце. Нашата слаба одбрана и тој не „решија“ вечерва“, изјави искусниот Гунарсон после натпреварот.

Македонскиот репрезентативец не остана имун на изјавата на Гунарсон, па сподели фотографија, шегувајки се на своја сметка.