Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тифани Адамс, која патувала со авион од Квебек до Торонто, за време на 90-минутниот лет решила малку да дремне и за таа цел ги искористила задните празни седишта во авионот за да се опушти и отспие малку. Но, тоа малку не испаднало баш „малку“.
Кога се разбудила, авионот бил мрачен и студен, а таа била единствениот човек во него. Авионот бил паркиран далеку од терминалот во Торонто, а екипажот ја заборавил.
„Се разбудив околу полноќ, неколку часа откако авионот слетал, замрзната и сè уште врзана на седиштето, во целосен мрак“, вели Адамс во пост на фејсбук-страницата на авиокомпанијата.
Адамс напишала дека прво се обидела да го наполни својот мобилен телефон за да може да побара помош, но не можела затоа што во авионот немало струја. Ја фатила паника, вели таа, „затоа што сакав што побрзо излезам од овој кошмар“.
Адамс нашла светилка и се обидела да го привлече погледот на работниците на пистата. Успеала да отвори врата, пишува таа, но „сега сум соочена со петнаесетина метри јаз до плочникот под мене“.
На крај момчето за багаж ја здогледало нејзината светилка и го донело камионот со скалилата. Авиокомпанијата ѝ понудила превоз до дома и се извинила. Ер Канада рече и дека го истражува случајот.
Адамс вели дека сè уште е вознемирена од инцидентот: „Немам многу сон поради постојаните ноќни стравови, се будам вознемирена и се плашам дека сум сама заклучена во некој мрак“, напиша таа.
Момчето за багаж ѝ рекло дека не може да разбере како се случило тоа, а Адамс вели дека ни таа не може.
„Кога седиштето ми е за милиметар поназад или масичката ми е спуштена, екипажот секогаш забележува“, напиша таа, „но сепак промашивте цел еден човек сè уште врзан за седиштето и сите си отидовте дома?“