Спорт

Заслужи: Ќе се снима документарец за најголемиот измамник во историјата на фудбалот (видео)

carlos caiser

Приказната е прилично стара и веројатно ја знаете, новост е тоа што за овој човек е снимен и – ДОКУМЕНТАРЕЦ!

Голем дел од фудбалските фанови сигурно ја знаат, но мораме да започнеме отпочеток па доколку во некој случај не знаете за што станува збор еве прилика да се запознете со НАЈГОЛЕМИОТ ИЗМАМНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ!

Карлос Енрике Каисер е најголемиот измамник во најважната споредна работа во светот. Тој е Бразилец кој во текот на својата кариера од 20 години не постигнал ниту еден погодок, бидејќи фудбалски талент тој воопшто и немал.

Оваа приказна датира од почетокот на осумедесетите години на минатиот век, кога Каисер се дружел со големи фудбалери како Ромарио, Едмундо и слични ѕвезди од Бразил. Кога неговите другари ќе потпишеле договор, ги убедувале соптвениците на клубовите да го доведат „талентираниот“ Каисер.

Тој би добил договор од три месеци. Пристигнувал во клубот каде што би му биле потребни неколку недели да се прилагоди. После еден месец би дошол на тренинг, а потоа веднаш ќе се повредел, по што морал на пауза.

Со „повредите“ немал среќа, а неговата измама била откриена во Ботофаго. Тој со себе носел и голем мобилен телефон кој во тоа време бил луксуз и наводно зборувал со агенти од Англија кои биле „заинтересирани“ за него.

Во Ботафаго еден од докторите знаел англиски и го земал телефонот на Каисер додека тој бил во бањата и сфатил дека тоа е всушност само играчка. Каисер побегнал од Ботофаго, но „кариерата“ ја продолжил во Фламенго, Васко Де Гама, Палмеирас и Фламиненсе.

Приказната секаде била иста. Пристигнувал на тренинг, ја шутирал топката најсилно што може и веднаш се превиткувал на теренот…Во една ситуација дури добил и прилика да игра.

„Тренерот ме убеди дека ќе седам само на клупата. Меѓутоа губевме и ме испрати на загревање. Доколку влезев во игра мојата измама ќе беше откриена, па морав некако да пронајдам решение. Забележав дека навивачите ги навредуваат фудбалерите. Истрчав до оградата и започнав да ги навредувам и поради тоа заработив црвен картон“, открива Каисер.

Поради оваа ситуација сопственикот на клубот ме повика на разговор и ме запраша зошто го направив тоа, а јас му одговорив: „Мојот татко почина, јас во вас добив нов татко и нема да дозволам никој да го навредува мојот татко, а такво нешто правеа навивачите“, објаснувал измамникот, а на сето ова тој добил и нов договор.

Каисер заиграл и во Европа и тоа за тимот на Ајачио. На првиот тренинг 1000 навивачи се собрале да го видат новото „засилување“. Во тие моменти Каисер не сакал да се посрамоти со своето незаење па започнал топките  да ги шутира кон навивачите, се додека не ги шутнал сите. Поради ова тренерот бил принуден да одржи кондиционен тренинг.

Овој фудбалер на ваков начин изградил „кариера“ од 20 години, собрал 30 настапи, секој од нив бил од клупата за резерви и не постигнал ниту еден гол, а се претставувал како напаѓач.

После сето ова ќе признаете човекот заслужи да се сними и филм за него!

Во јавноста веќе се појави трајлерот за филмот кој ќе го носи името „Kaiser: The Greatest Footballer Never to Play Football”!

Сигурно сите фудбалски фанови со нетрпение ќе го очекуваат.

 

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top