Засилувањата на Барса: Само еден ги оправда очекувањата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најеминентните каталоснки спортски весници „Спорт“ објави оценки за досегашните настапи на летните засилувања на Барселона.

Според мислењето на новинарите на овој весник, само Самуел Умтити ги оправдал очекувањата кога станува збор за играчите кои пристигнаа на „Камп Ноу“ ова лето и делумно Денис Суарез.

Пако Алкасер и Јаспер Силесен добија најниски оценки, иако за случајот на Пако весникот напоменува дека станува збор за квалитетен играч кој како резерва не може да влезе во ритам и не може да дојде до израз.

За холандскиот голман истакнуваат дека бранел во само еден натпревар и тоа оној кој Каталонците сакаат што побрзо да го заборават – поразот од Алавес.

Еве како каталонски „Спорт“ ги оценува засилувањата на Барса!

09-11bars2