Заштита од врелиот асфалт: Полициските кучиња во Цирих патролираат во чевли


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После најавите од метеоролозите дека температурите во Европа и понатаму ќе бидат во пораст, полицијата во Цирих беше принудена да преземе посебни мерки за заштита на полициските кучешки единици.

Градската полиција донесе одлука според која полициските кучиња во Цирих ќе патролираат по градскиот асфалт облечени во специјални чевли за кучиња.

Освен тоа, полицајците во текот на патролирањето ќе ги предупредуваат другите сопственици на кучиња да им обезбедат чевлички на нивните миленици, бидејќи постои голема опасност тие да страдаат од изгореници на шепите кога асфалтот премногу ќе се вжешти.

Полицијата во Цирих на социјалните мрежи сподели фотографија на која кучињата од нивната единица носат специјално изработени чевли. Тие предупредија дека температурата на асфалтот може да достигне и до 55 степени Целзиусови и објаснија како може да се процени дали асфалтот е прежежок или не.

„Ставете ја вашата рака на асфалтот и држете ја пет секунди. Ако вам ви е прежешко на раката, тогаш е прежешко и за шепите од кучињата“, објаснуваат тие.