Засекогаш исчезнати: Крај на потрагата по малезискиот патнички авион


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Приватното пребарување по остатоците и жртвите од авионот на Малезија ерлајнс на летот MХ370 заврши и со него дефинитивно се става крај на потрагата.

Американската фирма „Оушн инфинити“ користеше брод за длабоки мориња за да истражи огромна област на јужниот дел на Индиски Океан. Но не најде ништо и владата на Малезија вели дека не планира да почне нови пребарувања, вели Би-би-си.

Авионот исчезна на 8 март 2014 година, кога леташе од Куала Лумпур до Пекинг со 239 лица.

Официјалната потрага заврши минатата година и сè уште има жестоки дебати за тоа што се случило со авионот.

Грејс Натан, чија мајка била во авионот, вели дека е против прекинувањето на потрагата.

„Луѓето можеби мислат зошто овие луѓе сè уште се мачат за тоа, поминаа четири години. Многу е важно луѓето да се сетат дека MХ370 не е историја“, изјави таа за Гардијан.