Засега приземен и скромен: Пендаровски со комерцијален лет отпатува за Брисел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот претседател Стево Пендаровски заедно со членовите од неговиот претседателски кабинет со комерцијален лет вчера отпатуваа за Брисел, каде тој треба да оствари средби на највисоко политичко ниво.

Пендаровски утре ќе го посети Брисел каде ќе има одделни средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

За време на посетата Пендаровски, како што се наведува во соопштението, ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“ и ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.