Засега нема нови рестриктивни мерки заради новиот пандемиски бран од КОВИД-19


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нема нови рестриктивни мерки барем до понеделник. Комисијата за заразни болести ќе чека да види како ќе се движат бројките и на новозаболени и на хоспитализирани до крајот на оваа недела, но и по што ќе се носи одлука дали полицискиот час од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе биде засилен со нова рестрикција.

Согласно бројките кои што ќе бидат во идните три – четири дена министерот ќе биде известен во понеделник наутро или доколку нешто се случи спектакуларно во делот на зголемување на бројки, сигурно ќе го известиме и порано“, рече д-р Жарко Караџовски, од Комисија за заразни болести

На прашање што може да се очекува како нови мерки, Караџовски одговори: „Не би можел сега да ви кажам. Ви реков, бројките кажуваат се за актуелната состојба. Ја во глава имам сценарио а, б, ц, д, меѓутоа во моментот не е таква состојбата затоа што во периодот на ноември имаше 1.450 случаи. Така да не е иста состојбата тогаш и сега“.

Во меѓувреме болниците се полнат. Ако пред само една недела бројот на хорпитализиранои беше 567, денеска таа бројка е 1.100. Најголем е притисок врз скопските болници каде се бара место плус, но министерот за здравство, Венко Филипче, тврди дека нема враќање на пациенти кои се за хоспитализирање.

Сите интерни клиники, онака како што беа претходно, сега се центри. Тука има еден одреден број на слободни кревети, нешто помал од оној што беше во текот на кризата во месец ноември и затоа во функција е и едно одделение на хируршките клиники“, информира Филипче.