Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Делегацијата на Белград вчера ги заврши разговорите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, и ја напушти зградата на Европската служба за надворешни работи без изјави за новинарите.
Како што неофицијално јавува Н1, синоќа сепак не е постигнат финален договор меѓу Белград и Приштина за решение на кризата на административните премини на северот на Косово. Разговорите ќе продолжат, но не е познато кога.
Главниот преговарач на Приштина Бесник Бисљими изјави претходно во Брисел дека двете страни постигнале начелен договор за решение за кризата, но дека делегацијата на Белград не дала согласност за точката на договорот која се однесува на автомобилите со КМ таблички.
Американскиот амбасадор во Србија Ентони Годфри во текот на вечерта на Твитер наведе дека е во близок контакт со американскиот претставник Габриел Ескобар, кој исто така се наоѓа во Брисел за поддршка на дијалогот.
„Работата не е завршена но е постигнат напредок. Страните мора да бидат флексибилни и да ја продолжат својата работа за ова да се финализира. Времето е сега“, порача Годфри.