Засега казни по 20 евра за неносење маска за сите функционери на ДУИ кои се на фотката од роденденот на Ахмети


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерството за внатрешни работи им испратило казнени налози за прекршување на мерката за носење маски во затворен простор на 15 функционери на ДУИ, пренесува 360 Степени.

Откако вчера првиот вицепремиер Артан Груби апелираше до надлежните институции да изречат казни за него, но и за неговите сопартијци, меѓу кои беше и заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, МВР брзо реагираше и веќе им ги врачило платни налози за неносење заштитна маска на сите 15 функционери од ДУИ. Казните се по 20 евра, а, како што пренесоа дел од медиумите, како и за сите граѓани, така и за функционерите, важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Груби ги повика институциите да изречат казни за сликата без маски: Преземаме целосна одговорност

Функциинерите од ДУИ, како што се најавува, би можеле да бидат дополнително казнети и за прекршување на забраната за собирање, а би можеле да се соочат и со кривична пријава за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

Како што јави Телма, Државниот инспекторат за труд утре ќе го доврши вонредниот надзор и ќе утврди дали е прекршен протоколот за превентивни мерки на сите работни места, донесен од Владата. Трудовите инспектори ќе проверуваат и дали е сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик, односно непостапување според здравствените мерки во време на епидемија.

Директорката на Трудовиот инспекторат Јована Тренчевска изјавила дека утре треба да има информации што утврдиле во Министерството за политички систем.