ЗАС Г20: Првиот македонски електричен автомобил го освои New York Times


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонската технолошка компанија „ВВ Класик Карс“, со помош на Фондот за иновации и технолошки развој, го разви ЗАС Г20, првиот макдонски електричен автомобил.

Токму ова прво електрично количе произведено кај нас ги освои страниците на престижниот New York Times, кој ЗАС Г20 го опишува како трансформација на малиот култен автомобил „Застава 750″ од времето на социјализмот во возило од електричната ера.

Бензинскиот мотор е заменет со електричен произведен од германската компанија „Кесер” и има нулта емисија на јаглероден диоксид, а со едно полнење може да помине до 150 километри во реални услови на возење. Цената е околу 20.000 евра, пренесува New York Times.

Весникот, како за споредба за понудата на електрични возила на нашиот пазар пренесува текст од МИА, каде во понудата на Фолксваген се наоѓаат е-Ап и е-Голф со цена од околу 25.000 и 37.000 евра.