Заради вештачките нокти за малку ќе ѝ го ампутираа прстот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Анонимна жена на социјалните мрежи ја сподели нејзината приказна и ужасот кој го преживеала после посетата на еден салон за маникир, каде отишла да го освежи својот имиџ со надградба на вештачки нокти.

Таа верува дека инфекцијата настана од нестелизираните инструменти кои ги користат за маникир и предупредува жените да внимаваат кога одат на средување на ноктите.

Била на третман на ноктите, а кога завршила со средувањето забележала дека на врвот од прстот има мал оток и веднаш заминала на лекар каде и биле дадени антибиотици и упат за на клиника.

Два дена подоцна, отокот почнал да расте, а прстот да потемнува. Кога стигнала во болница прстот целосно и поцрнел, па и било кажано дека најверојатно ќе треба по пат на хируршки зафат да ѝ го отстранат. Но, за среќа операцијата поминала успешно и докторите успеале да ја отстранат инфекцијата.

Таа сега се обидува да ја подигне свеста кај жените за ризиците кои владеат во салоните за маникир.