ЗАРАДИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Каменос излезе од владата, ќе се гласа за доверба на Ципрас!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Партијата „Независни Грци“ на Панос Каменос излезе од грчката влада и тоа поради Преспанскиот договор. Оттаму рекоа дека нема да го поддржи гласањето доверба на владата на Ципрас во грчкиот парламент.

Каменос поднесе оставка и од функцијата министер за одбрана по состанокот со Ципрас, пишуваат грчките медиуми.

Тој рече дека неговата партија ја повлекува поддршката за власта и се закани со исклучување од партијата на секој пратеник кој ќе гласа позитивно кога ќе се стави на тест довербата во владата на Ципрас.

Каменос вели дека давањето поддршка на гласањето, би значело поддршка и за преспанскиот договор. Тој порача дека народот треба да бара договорот за името да биде ставен на референдум.

Според весникот „Ефимерида“ сепак Каменос нема целосна контрола врз парламентарната група и се очекува дел од претставниците на партијата да го поддржат кабинетот.

Извори за весникот уверуваат дека владата на Ципрас веќе има обезбедено поддршка за да го добие гласањето доверба.