Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Идниов вторник ЕСМ ќе соопшти која е фирмата победник на тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола, која количина ќе се увезе и за која сума. Од раководството информираат дека денеска завршува евалуацијата на пристигнатите девет понуди која траеше речиси три недели.
Засега нема информација кога ќе заврши поправката на трансформаторот на Блок 3 во комбинатот, кога тој ќе почне да произведува струја и ќе биде вклучен на мрежата. Во моментов работат два блока кои произведуваат пет илјади мегавати дневно или нешто над сто мегавати на час што е далеку под максималниот капацитет а што, според нашите инфромации, се должи на слабиот квалитет на јаглен.
Покрај најавите дека ТЕЦ Осломеј ќе почне да работи од 1 декември од ЕСМ соопштија тогаш почнуваат и првите испораки на јаглен од тендерот за набавка на 130 илјади тони. Според дневно ќе се доставуваат по 1.500 тони јаглен, односно педесетина камиони, а во моментов залихата со која располага електраната е меѓу 60 и 70 илјади тони што е доволно за десетина дена работа.
Околу најавеното рестартирање на ТЕЦ Неготино и набавката на мазут неопходна за непречена работа на двата блока со капацитет од 180 мегавати засега нема официјални информации.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека предвидената финансиска помош од 65 милиони евра за ЕСМ и МЕПСО се доволни за менаџирање на економската криза но доколку се јави потреби предвидени се дополнителни средстав во Буџетот од јануари.
Речиси дванаесет милиони евра е сумата која ЕСМ ја плати во последните две недели за набавка на струја со која ќе се покрие дефицитот во домашното производство.