Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вирџил ван Дијк помина пат од перач на садови до најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Ливерпул пред шест месеци за неговиот потпис плати 85 милиони евра.
Пред 10 години ретко кој можел да замисли дека Вирџил ќе стане најскап дефанзивец. Тогаш 16-годишник од Бреда заработувал за живот како перач на садови во еден локален ресторан и дневно заработувал десетина евра.
Ван Дијк наутро одел на тренинг во локалниот клуб WDS, а после ручек доаѓал да работи во ресторанот.
„Беше добар работиник. Секогаш својата работа ја завршуваше добро и поштено. Работеше во ноќите кога имаше најмногу гужва во ресторанот. Јас често му зборував да престане да се обидува да стане професионален фудбалер бидејќи во ресторанот можеше да заработува. Не можев да верувам кога беше платен 85 милиони евра“, раскажува Џек Липс, сопственик на ресторанот.
Дека Ван Дијк не заборава од каде започнал говори и гестот кој го направил минатата година.
„Дојде во ресторанот со потпишан дрес од холандската репрезентација. Тоа беше многу емотивно. Дојде да изрази благодарност за луѓето кои му помогнаа. Не го заборави ни својот прв клуб“, откри Липс.
Ван Дијк после заминал во академијатан на Вилем 2, а потоа во Гронинген, Селтик, Саутемптин и сега во Ливерпул, каде дневно заработува 30.000 евра.