Заработуваат од секс во живо: „Во лето сме на Малдиви, во зима во Швајцарија“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брачен пар од Белград одлучи дека својот семеен буџет ефикасно може да го зголеми со невообичаена дополнителна работа. Поконкртно, тие двајца решија да заработуваат екстра кеш снимајќи се за време на секс и тоа емитувајќи го во живо преку порно сајтови, пишува Blic.

Во „бизнисот“ влегле преку пријатели кои веќе се занимавале со тоа, а пресуден фактор во нивната одлука да се впуштат во тоа биле парите.

„Идејата некој да те гледа додека имаш секс во мене будеше бес, но помислата дека децата не можам да си ги пуштам на летување ми предизвикуваше гнев. Многу размислувавме, разговаравме и на крајто пресудивме. Пари. Проклетите пари. Живеевме и претходно, но не добро и опуштено“, вели сопругот за српскиот медиум.

На почетокот не им било лесно да ја откријат својата интима пред секој кој сака да ги гледа.

„Сè што ти треба е камера на компјутерот. Има многумина што сакаат да гледаат брачни парови како ја прават онаа работа. На почетокот тоа го правевме еднаш или два пати месечно. Бевме стегнати. Се плашевме. Што ако дознаат нашите семејства, пријателите на нашите деца, професорите? А од друга страна, сите сакаат секс“, вели тој.

Со тек на време се опуштиле и почнале да уживаат во своето исплатливо „хоби“.

„Имав чувство дека секој маж кој не гледа ја имаше неа. Но, не ги гледав тие луѓе. Тие луѓе нам ни донесоа пари. Кога ќе почувствуваш пари, блокадата во мозокот исчезнува. Колку повеќе го правевме тоа, толку поопуштени станувавме. Ни се допадна. Имавме и неколку неверојатни ситуации. Со уште еден маж или со уште една жена. Тие ни се пријатели“, објаснува типот.

Неговата сопруга, исто така, смета дека оваа работа им донесла добри промени, како на финансиски, така и на сексуален план.

„Тоа го правам со мојот сопруг. Го сакам, го познавам, ако капне нешто од тоа – супер. Учиш да се исклучиш, не мислиш, само мислиш на него и на себе. Сексот ни е многу подобар откако се занимаваме со оваа работа. А и финансиите. Летувања на Малдиви за нас, синот кај сака да оди со девојката, зимување во Швајцарија, нова бања во куќата, два нови автомобили“, вели таа.

Во брак се веќе дванаесет години и имаат три деца. Нивните пријатели и деца не знаат со што се занимаваат, а во јавност функционираат како секој обичен пар. Тој се занимава со приватен бизнис, а таа е домаќинка. Не се грижат дали некој ќе дознае за нивното хоби, бидејќи сајтовите на кои ги објавуваат своите „преноси“ не се достапни во Србија. Кој сака да гледа, мора да плати 15 долари, а објаснуваат дека пријавувањето е едноставно исто како да отвориш електронска пошта.

„Наоѓаш сајт, се пријавуваш, плаќаш одредена цена за регистрирање и тогаш можеш да се снимаш. Секако, неопходно е да имаш веб камера, но оваа работа не бара многу вложување во опрема, а повратниот ефект е повеќекратно поголем. Најважна е дискрецијата и тоа дека содржината не може да се гледа во Србија. Парите ни стигнуваат на девизни сметки, а во текот на пријавувањето ги даваш речиси сите информации за себе“, вели сопругот.