Заработува по 2.000 евра во викенд – запознајте го „Магичниот Мајк“ од реалноста


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вил Парфит го нарекуваат австралискиот Чејнинг Татум не само затоа што изгледа како славниот актер, туку и затоа што Вил е стриптизер, исто како и најпознатиот лик кој го толкуваше Чејнинг и со кој се прослави.

Освен импресивно исклесаното тело, Вил може да се пофали и со заводливи танцови вештини. Како и ликот од Чејнинг во Magic Mike, и 27-годишниот Вил случајно влегол во стриптизерските води.

„Бев на патување по Австралија, кога се запознав со промоторот на еден клуб кој на шега почна да ме вика Чејнинг. Не го сфаќав сериозно, но тој ми ја откри агенцијата Magic Men“, признава Вил.

Таа агенција се занимава со посредување на стриптизерски услуги за женски родендени, момински забави и други приватни настани. Вил најпрвин работел како келнер без кошула, а со тек на време напредувал до место на сцената. Како што вели, во викенд заработува и по 3.000 австралиски долари (околу 2.000 евра).

Вил не работи единствено како стриптизер. Бидејќи преку ден е слободен, почна да работи во агенција која нуди услуги за превоз на ствари и мебел при преселување.

„Предноста на таа работа е што секогаш сум во топ форма“, вели тој.