Заработка од скоро 13 милијарди долари во еден ден – тоа го може само Џеф Безос


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Изминатиот четврток вредноста на акциите на гигантот „Amazon“ во само еден ден порасна за над 11 проценти, откако компанијата објави дека остварила поголема заработувачка од очекуваната во четвртиот квартал од 2019 година.

Со растот на вредноста на акциите, личното богатство на Џеф Безос, првиот човек на „Amazon“ порасна за приближно 12,6 милијарди долари, објави „CNBC“.

Технолошкиот гигант пријавил заработка од 6,47 долари по акција и вкупни приходи од 87,44 милијарди долари за четвртото тромесечје од 2019.

Аналитичарите очекувале заработка од 4,03 долари по акција и 86,2 милијарди долари приход.

Ненадејното зголемувањето на вредноста ја направи „Amazon“ четврта компанија вредна повеќе од илјада милијарди долари во САД заедно со „Apple“, „Alphabet“иi „Microsoft“.