Заработка од над 76 милијарди долари за само седум дена – Кинезите растурија за Нова година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Туристичкиот сектор во Кина, за период од седум дена, поточно од четврти до десетти февруари, периодот кога се слави кинеската Нова година, остварил приходи од 513,9 милијарди јуани (повеќе од 76 милијарди долари).

Според извештајот на „ТАСС“, кинеските граѓани оствариле над 415 милиони патувања низ цела земја, а над 40 проценти од патниците посетувале музеи и традиционални кинески туристички атракции.

Кинеската нова година е главен семеен празник во Кина, кој традиционално се дочекува со роднини и пријатели. Општо земено, за време на празничната недела, кинезите патуваат низ земјата или во странство. Меѓу најпопуларните надворешни дестинации оваа година се Јужна Кореја, Тајланд и Јапонија.