Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопјанецот С.А. (50) од скопско Студеничани заработи кривична пријава за тешка кражба оти од црква украл пари и монети.
Според полицијата, првата кражба пријавениот ја сторил на 8 овој месец кога во селото Љубојно од црквата Свети Јован, откако насилно влегол во храмот, украл 50 денари и побегнал.
На 13 декември пријавениот насилно влегол и во црквите Свети Петар и Павле во село Подмочани и во Свети Никола во селото Рајца од каде одзел различни банкноти и монети. За сторените кражби во црквите, ПС Ресен против С.А. поднесе кривична пријава за тешки кражби.