Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бојана Крсмановиќ е раскошна Србинка со италијанска адреса која неодамна стана заштитно лице на познат бренд на долна облека. Поради нејзината убавина, но и поради обилините, таа неверојатно си личи со славната Синди Крафорд.
Во интервјуто кое го даде за италијанското списание Grazia, Бојана објаснува во што лежи тајната на убавината според нејзините сфаќања.
„Преголеми гради, премногу облини, не си доволно слаба – тоа ми го велеа на првите кастинзи, а тогаш бев само тинејџерка, па константно ме критикуваа“, открива Бојана.
„На почетокот беше тешо да се работи оваа работа, бидејќи имаш чувство дека некој постојано те осудува, мислиш дека твоето тело има многу мани и така добиваш по некој комплекс. Кога ти велат дека не си доволно убава, тоа е лошо за психата, постојано се чувствуваш несигурно. Единствен начин е да научиш да не ги слушаш критиките. За да го реализираш успехот, мораш да бидеш силен, во спротивно нема да успееш“, вели Крсмановиќ за италијанските новинари.
Отсекогаш била тврдоглава и не сакала да се придржува до било какви диети, па својот успех, освен на сексапилот, го должи и на својот карактер.