Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид во последно време произведува голем број на таленти кои подоцна стануваат големи ѕвезди во првиот тим на „кралевите“.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид веќе ја има новата голема ѕвезда кој би можел да го наследи Марсело во тимот, а станува збор за 19-годишниот Франциско Хосе Гарсија Торес.
Стануба збор за млади шпански репрезентативец кој веќе го докажа својот потенцијал во Кастиља и од самиот почеток на кариерата го носи дресот на Реал Мадрид.
Ги помина сите младински категории на „кралскиот“ клуб, има договор до 2022 година и се очекува еден ден да биде наследник на Марсело.
Шпанските медиуми тврдат дека Лопетеги смета на него и сигурно ќе му пружи шанса до крајот на сезоната. Она што е интересно е што фудбалерот е близок роднина на Коке, фудбалерот на Атлетико Мадрид.