Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристиано Роналдо, според изборот на ФИФА, е најдобриот фудбалер на светот за 2017 година, а во женска конкуренција таа титула ја однесе холандската фудбалерка која игра за женскиот тим на Барселона, Лиеке Мартенс.
24-годишната фудбалерка оваа година со репрезентацијата на Холандија го освои Европското првенство, но освен со фудбалската вештина, фановите го водушевува и со својата едноставност и убавина.
Згодната Холанѓанка неодамна беше прогласена за најдобра фудбалерка на Европа. Најмногу им се восхитува на техничарите, а нејзин фудбалски херој е Роналдињо.
Отсекогаш навивала за Барселона, па играњето за овој тим е остварување на нејзините соништа.