Запознајте ја Марта – најгрдото куче на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако „намуртената“ Марта не би имала големи шанси на натпревар за најубаво куче, оваа женка од видот наполитански мастиф ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот и тоа како најгрдо куче на светот.

Оваа женка тежи 57 килограми, а со својот изглед ја освои неблагородната титула „најгрдо куче на светот“ на американското натпреварување во оваа категорија во 2017 година.

Тригодишната Марта, благодарение на своите провисната образи, изгледа вечно намуртено, а со наборите на кожата и крваво црвените очи, според многу мислења, заслужено е носител на споменатата титула.

Инаку, освен титулата за најгрдо куче, Марта доби и трофеј и 1.500 долари награда за тоа, како платен лет до Њујорк поради „медиумско појавување“.

Но, иако сега ужива во благодетите на семејниот дом и освојува на вакви натпревари, ова куче има поминато тешки времиња во засолништето за животни, каде била оставена како мало куче, пишува NBC News.

За среќа, наишла на добри луѓе за сопственици, па сега живее живот каков што заслужува.