Запознајте го Generation EQ – Мерцедес за него ќе вложи 10 милијарди евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дајмлер Бенц“, сопственикот на „Мерцедес“, цврсто верува дека иднината на автомобилиската индустрија е во возилата на електричен погон.

На саемот на автомобили во Париз „Мерцедес“ го претстави концептот „Generation EQ“ на електрично СУВ возило, со што го најави првиот модел на струја од новата генерација.

Generation EQ, Exterieur, Studio

Во меѓувреме, шефот на истражувачко-развојното одделение на „Мерцедес“, Томас Вебер, откри нови детали и електрификацијата на автомобилот на овој германски производител.

„Ние сакаме до 2025 година да лансираме десет електрични модели врз основа на истата механичка платформа“, рече Вебер и додаде дека во развојот и производството на овие модели компанијата ќе вложи и до десет милијарди евра.

29-11-mercedes-generationeq2

Тој кажа и дека три од десет автомобили ќе бидат возила на марката „Смарт“, со автономија во возење до 700 километри.

Електроавтомобилите на „Мерцедес“ ќе се произведуваат во рамки на подбрендот „EQ“, а при серискиот модел, темелен на споменатиот концепт „Generation EQ“ во продажните салони ќе пристигне во 2019 година.

29-11-mercedes-generationeq3

„Дајмлер Бенц“ е само една од автомобислките компании што во последно време почнуваат да играат на картата на електричен погон. Офанзивата во оваа област, на саемот во Париз, ја најави и „Фоксваген“ со концептот „I.D.“, додека во половината на ноември на авто-салонот во Лос Анџелес слични планови претстави и „Јагуар“ преку концептот „I-Pace“.