Запознајте го езерскиот близнак на нашето бисерно Охридско езеро


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Охридското Езеро е уникат во светот по многу нешта: едно од најстарите, тектонски формирано, со повеќе карстни извори и голема истека (Црн Дрим), бројни реликтни видови во него и др. Сепак, има едно езеро на „другиот крај“ на Земјата, во САД, помеѓу Калифорнија и Невада кое е неверојатно слично на Охридското Езеро, пишува магистер Ивица Милевски за ИгеоПортал.

3-1-lake-tahoe-bay

Тоа е езерото Тахо (Tahoe), кое се наоѓа околу 120 km североисточно од градот Сакраменто во Калифорнија.

Сличноста помеѓу двете езера е во многу нешта. Така, во однос на Охридското, езерото Тахое е само малку поголемо (490 km кв., наспроти 358 km кв.), нешто подлабоко (501 m наспроти 288 m), со слична форма (долго 35 km, широко 18 km и со брегова линија од 116 km наспроти 31 km, 15 km и 88 km соодветно кај Охридското).

3-1-lake-tahoe-bay1
Езерото Тахо
dsc_0846
Горе и долу – Охридско езеро

dsc_0633

Двете езера имаат скоро иста старост (околу 2 милиони години), опколеност од двете страни (источна и западна) со планини, па дури и иста провидност (22 до 25 m) и секако, неверојатна природна убавина. Она што е интересно, што границата и припадноста на езерото Тахое кон Калифорнија и Невада се мошне слични со границата и припадноста на Охридското Езеро на Македонија и Албанија. Сличен е и распоредот на населбите, плажите, комуникациите и клифовите околу езерата. Има уште нешто што ги „поврзува“ двете езера.

Имено, и двете имаат една поголема истека: Црн Дрим кај Охридското (истекува кон СЗ) и Траки Ривер кај Тахое (истекува кон СИ), а и двете реки на истекот од езерата имаат мали брани со кои се регулира истекувањето т.е. нивото на езерата.

Браната на истекот од реката на Тахо
Браната на истекот од реката Траки Ривер од Тахо
Браната на истекот на Црн Дрим кај Струга
Браната на истекот на Црн Дрим кај Струга

Климата кај двете езера е речиси идентична, така што просечните годишни врнежи се 700 mm кај Охридското до 800 mm кај Тахое, а просечните годишни температури на воздухот кај двете езера се околу 10-11 степени Целзиусови, со тоа што кај второто, континенталноста е многу поголема, а со тоа и температурните екстреми. На двете езера, туризмот е носечка стопанска гранка, со тоа што, разбирливо на Тахое е многу поразвиен, со сите елементи на зачувување на прекрасната природа.

dsc_0754
Охридско езеро
dsc_1067
Поглед на Охридското езеро од над плажата и автокампот Љубаниште

Сепак, помеѓу двете извонредно слични езера, има и некои значителни разлики. Така, Тахое се наоѓа доста повисоко, на 1897 m, во однос на Охридското кое е само на 693 m. Во конечното формирање на Тахое, големо влијание имала глацијацијата, додека кај Охридското, главно геотектониката и карстниот процес. Поради поголемата височина, постојат значајни разлики во вегетацијата околу езерото Тахое, водата е постудена, а капењето е можно само во месец август и тоа околу 10-15 дена.

Како и да е, според нашите досегашни сознанија, Тахое по сите наведени карактеристики е најслично на Охридското Езеро (и обратно), што може да се види и од приложените фотографии.