Започнува спектаклот: Кој ќе биде европски шампион!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турскиот мегалополис Истанбул од денес до недела ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига.

Тронот, на кој се наоѓа московска ЦСКА, го напаѓаат Реал Мадрид, Фенербахче и Олимпијакос, што ќе биде прв завршен турнир на кој ќе играат тимови кои имаа меѓусебни дуели и во регуларниот дел од сезоната.

Завршниот турнир ќе го отворат бранителот на титулата, ЦСКА, и грчкиот шампион Олимпијакос во 17:30 часот, а потоа во 20:30 ќе играат европскиот вицепрвак Фенербахче и шпанскиот шампион Реал, екипа која регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место.

Олимпијакос три пати во последните пет години ја доби ЦСКА во фајнл-форот, а Костас Папаниколау во 2012 година во финалето со ЦСКА уфрли 18 поени.

„Секгаш е посебно да се биде меѓу четирити најдобри тима во Европа. Мораме да бидеме концетрирани сите 40 минути и да го спроведеме на дело она што го замислиле тренерите. Низ одбраната треба да најдеме ритам во нападот, треба само да се држиме до она што го работевме до сега“, изјави Папаниколау.

Македонија на завршниот турнир ќе има свој репрезент во името на Перо Антиќ. Крилниот центар на Фенербахче четврти пат во кариерата ќе биде учесник на завршниот турнир. Тој досега има освоено две титули европски шампион, двете со грчки Олимпијакос.

Интересно овие четири екипи беа учесници и на завршниот турнир кој се одржа во 2015 година, дури и полуфиналните двојки се исти, а и тренерите се исти. Тогаш на крајот поредокот беше Реал, Олимпијакос, ЦСКА и Фенербахче.

Фенербахче изминатите две години доби пет од седумте дуели со мадридски Реал вклучувајќи го серијата во минатогодишниот плеј-оф. Оваа сезона двата тима имаат по една победа во регуларниот дел од сезоната.