Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид веќе на големо се спрема за летниот трансфер период кога Флорентино Перез спрема мала револуција на тимот.
„Кралевите“ немаат намера да трошат многу пари во јануари, бидејќи не може да се ослободи од фудбалерите кои има намера да ги продаде.
Според пишувањето на „Марка“, доколку оваа сезона биде неуспешна, односно доколку не ги одбранат шпанската и европската титула, Реал ќе се ослободи од неколку стандардни играчи.
Според информациите од „Марка“, Реал започнал преговори со Манчестер Јунајтед за Герет Бејл, а на листата за „отстрел“ наводно се и Карим Бемзема и Тони Крос.
Имено, Реал Мадрид сака да го донесе Нејмар од ПСЖ, а за тој трансфер ќе му бидат потребни 250 милиони евра.
Поради тоа голем дел од овој трансфер ќе биде финансиран со продажбата на споменатите фудбалери.
Меѓутоа, Перез покрај Нејмар во тимот го сака и Дибала, но и да ја засили дефанзивата. „Марка“ тврди дека следното лето на „Сантиаго Бернабеу“ сигурно ќе пристигне и еден врвен дефанзивец.