Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска започнува второто полугодие од учебната 2017/2018 година. По три недели одмор, околу 270 илјади средношколци и основци се враќаат во ученичките клупи.
Министерството за образовани и наука за време на распустот соопшти дел од промените во наставните планови и програми за следната генерација првоодделенци.
За учениците од прво до петто одделение еден наставен час да трае 55 минути, во кој е вклучен и одмор во траење од 15 минути по секој наставен час. Наставникот одлучува кога ќе го даде одморот и како ќе го реализира. Исто така, предвидено е учениците од прво до трето одделение нема да имаат повеќе од четири часови дневно. Учениците ќе имаат Мајчин јазик, Математика, Светот околу нас, Уметност, Физичка култура.
По предлог на МОН ќе се намалат и тестирањата на учениците, домашните ќе се заменат со активности и вежби на час, а ќе се воведе и служба за поддршка на талентираните ученици, како и за оние со послаб развој.