Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Исланд започна со работа најголемата фабрика на светот за апсорпција на јаглерод диоксид директно од воздух, соопштуваат од компанијата Клајмворкс, која стои зад овој проект.
Проектот за развој на фабриката е резултат на заедничка работа на швајцарскиот старт-ап Клајмворкс, специјализирана за апсорпција на јаглерод диоксид директно од воздух, и исландската компанија Карбфикс за складирање на јаглерод.
Фабриката може да апсорбира до четири илјади тони СО2 годишно, што е количина што за една година го испуштаат околу 790 автомобили. Минатата година, глобалната емисија на СО2 изнесувала 31,5 милијарди тони, покажуваат податоците на Меѓународната енергетска агенција (ИЕА).
Today our vision becomes reality.
With our Icelandic partners @Carbfix and ON Power, we launch #Orca, the world’s first large-scale #DirectAirCapture and storage plant.
The launch will be live-streamed at 5pm CET / 3pm GMT / 11am EST via the link below: https://t.co/6oEAtK0ZlG pic.twitter.com/zOA5UNUshE— Climeworks (@Climeworks) September 8, 2021
Директната апсорпција од воздухот е една од неколкуте технологии за извлекување на јаглерод диоксид од атмосферата. Научниците велат дека овој метод е клучен за намалување на глобалното затоплување, кое се смета дека е причина за топлотните бранови, пожари, поплави и зголемување на нивото на морето.
Фабриката, наречена Орка – што е исландски збор за енергија – се состои од осум големи резервоари, слични на оние што се користат за транспорт на стока. Резервоарите се опремени со високотехнолошки филтри и вентилатори за екстракција на јаглерод диоксид.
Изолираниот јаглерод потоа се меша со вода и се таложи длабоко под земја, каде што полека се претвора во карпа. Комплетниот систем, кој вклучува екстракција и таложење, се придвижува со обновливи извори на енергија, односно енергија од блиска геотермална електрана.
Директната апсорпција на СО2 од воздухот е сè уште нова и скапа технологија, но експертите кои се занимаваат со неа се надеваат дека трошоците ќе бидат помали со пораст на бројот на компании и потрошувачи кои настојуваат да го намалат својот јаглероден отпечаток.
Во моментов, постојат 15 активни постројки за директно извлекување CO2 од воздухот во светот, кои заедно, според ИЕА, апсорбираат повеќе од девет илјади тони јаглерод диоксид годишно.
Американската нафтена компанија Оксидентал во моментов ја развива најголемата фабрика за директно извлекување на милион тони јаглерод диоксид од воздухот годишно, во близина на неколку нафтени полиња, во регионот на Тексас, кои се во сопственост на компанијата.
Клајмуоркс неодамна потпиша десетгодишен договор за откуп на јаглерод диоксид со водечката швајцарска осигурителна компанија Суис Ре, а компанијата нуди и претплатничка услуга, која на потрошувачите им овозможува месечно отплаќање на трошоците за отстранување на јаглерод.