Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со задоцнување од два часа, кое според опозицијата беше преседан, денес во македонското Собрание започна расправата за предлог-буџетот за 2020 година.
Неразвоен, нереален , популистички и предизборен. Вака опозицијата на денешната расправа го оцени буџетот за следната година. Обвинуваат дека со ваков буџет на долг рок државата само ќе трупа долгови, а нема да има развој. Очекуваат следната година јавниот долг од сегашните 5,4 да порасне на 5, 7 милијади евра.
Од владата пак тврдат буџетот е развоен и реален. Министерката Ангеловска посочи дека со него главно ќе се инвестира во човечки капитал со образложение дека само мотивирани работници можат да дадат резултати и да помогнат за поголем економски раст и развој. Поради тоа во државната каса за следната година за подобрување на состојбите во здравството, образованието и за социјалната заштита предвидени се 2, 5 милијарди евра.
Сепак опозицијата смета дека само со зголемување на платите не се инвестира во човечки капитал, неопходно е да се создадат услови за работа.
Буџетот за следната година тежи 3,9 милијарди евра. Приходите се проектирани на 3, 6 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е предвидено да се намали од 2,5 на 2,3 проценти. За капитални инвестиции планирани се околу 370 милиони евра. Екононскиот раст за догодина е проектиуран на 3, 8 отсто. Главно ќе се потпира на јавната потрошувачка и развојот на приватниот сектор.
Пратенциите треба да го изгласаат буџетото за најмногу 5 работни дена.