Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новите сопственици на фудбалскиот клуб Милан денес на официјална пресконференција ги претставија плановите за иднината на клубот.
Новиот претседател Јангхонг Ли изјави дека целта е да се врати клубот на самиот врв на европскиот фудбал, а потоа зборот му го препушти на генералниот директор Марко Фасоне, кој ги откри сите планови за во иднина.
Фасоне потврди дека Монтела ќе остане на кормилото на Милан и следната сезона и истакна дека приоритет на новото раководство е што е можно побрзо Џиџи Донарума да потпише нов договор со клубот.
„Во името на новото раководство сакам да потврдам дека приоритет ќе биде што побрзо да го продолжиме договорот со Донарума. Сакаме Џиџи во иднина да биде симбол на Милан и една од основите на тимот. Наскоро ќе започнеме преговори за нов договор“, изјави Фасоне.
„Сакаме да изградиме силен тим за следната сезона. Ќе имаме солиден буџет за засилувања и вистина е дека сме заинтересирани за некои од имињата кои се појавија во медиумите (Обамејанг, Фабрегас, Бензема). Ќе се обидеме да донесеме врвни имиња во тимот и да направиме микс меѓу младост и квалитет“, потврди новиот директор на „росонерите“.
Фасоне истакна дека новите сопственици планираат Милан да има сопствен стадион, или да го модернизираат Сан Сиро, или да изградат нов стадион.
„Стадионот е многу важна работа која сакаме да ја решиме што е можно побрзо. Секој голем клуб мора да има свој стадион. Тоа ќе ги зголеми и нашите приходи. Треба да зборуваме со Интер и со градските власти, па ќе одлучиме дали ќе го модернизираме Сан Сиро или ќе почнеме со изградба на нов стадион“.