Започна 67-то издание на филмското Берлинале – еве што му порачаа актерите на Трамп


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчера започна меѓународниот филмски фестивал во Берлин, популарниот „Берлинале“, а отворањето не помина без политичка конотација и споменување на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Американската глумица Меги Гиленхал изјави дека во САД има многу граѓани кои се подготвени да пружат отпор на новиот претседател, додека мексиканскиот глумец Диего Луна рече дека е против изградбата на ѕид на американско-мексиканската граница.

„Сакам да ги разгледаме начините за рушење на ѕидови и знам дека во Берлин има експерти за тоа“ изјави Луна, алудирајќи на Берлинскиот ѕид.

Фестивалот го отвори францускиот филм „Џанго“ во режија на Етјен Комар. Филмот ја обработува приказната на познатиот џез гитарист, легендата Џанго Рајнхард, музичар кој во 1943. година бега од нацистите.

На 67. Берлинале се натпреваруваат вкупно 18 филмови за Златната мечка која ќе биде доделена на 18. февруари, на последниот ден од фестивалот. Планирано е да бидат прикажани 400 филмови од 70 земји.

Верховен

Претседател на жирито на „Берлинале” ќе биде холандскиот режисер Пол Верховен, најпознат по својата еротска трилер класика „Основен инстинкт”.

Македонија, исто така, на некој начин ќе има свој претставник на фестивалот, а тоа е филмот во српско-бугарско-македонска копродукција „Реквием за госпоѓа Ј.”, по сценарио и режија на Бојан Булетиќ.