Запивање пред камери – вака го прави тоа Ријана (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во предизвикот наречен „Ден за пиење“ кај американскиот водител Сте Мејерс гостинка беше славната пејачка Ријана.

Двајцата неколку часа пиеја и мешаа различни пијалоци, а пејачката не се стегаше многу во запивањето пред камери. Ријана измеша пиво, коктели и жестоки пијалоци, се смееше на коментарите на водителот и го заврши шоуто со Мејерс, кој се шминкаше со шминки од брендот Фенти, сопственост на Ријана.

Ријана беше толку пијана , но фановите сметаа дека изгледа одлично и е симпатична кога е пијана. Многумина забележаа дека почнала да зборува на акцент од Барбадос во алкохолизирана состојба.

Пејачката ги изненади фановите кога призна дека не видела ниту една епизода од серијата „Game of Thrones”. Видео со пијаната Ријана за само два дена го прегледаа два милиони луѓе.